Во Турција повредени 17 војници

Вкупно 17 турски војници се ранети денеска при експлозија на бомба поставена од страна на бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК), на пат во југоисточниот дел на Турција.

Според воени извори, четворица од ранетите војници се во критична состојба. Експлозивната направа била активирана кога крај неа минувало воено возило. Инцидентот се случил во регионот на Јуксекова во округот Хакќари, пренесе МИА.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе