525 луѓе починаа за еден ден

Зрак надеж во Италија: викендов помалку мртви, помалку критични и помалку новозаразени

Во Италија во последните 24 часа како резултат на коронавирусот починале 525 луѓе, за разлика од претходната недела, кога дневните бројки не беа помали од 800.

Исто така, регистрирани се 4.316 нови случаи на зараза со коронавирус.

Тоа се значително помалку нови смртни случаи и новозаразени отколку во текот на изминатата недела.

На пример, вчера беа пријавени 681 смртен случај од коронавирусна инфекција. Забележани беа 4.805 нови случаи за 24 часа.

Исто така, вчера, за првпат од почетокот на епидемијата во земјата, падна бројот на пациентите на интензивна нега. Меѓу петокот и саботата бројот на таквите пациенти падна за 74, што е првпат од средината на февруари. Сега во Италија во критична состојба се нешто помалку од 4.000 луѓе.

Пред два дена, бројот на починатите во 24-часовен период беше значително поголем: регистрирани беа 766 смртни случаи, како и 4.585 новозаразени.

На 2 април, пак, беше објавено дека за 24 часа починале 760 луѓе. Имаше 4.668 нови случаи на зараза за еден ден.

Италија го држи мрачниот светски рекорд по број на регистрирани починати поради коронавирусот: 15.887.

Државата е трета во светот по бројот на регистрирани случаи на ковид-19, со 128.948. Први се САД со 327.848, а втора е Шпанија со 130.759.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе