Третпат во 40 години

Зошто во Сахара падна снег? (ФОТО)

Пред неколку дена несекојдневни временски услови донесоа снег во најтоплата пустина во светот, Сахара.

На таа локација снег паѓа трет пат во изминатите четири децении: првпат во 1979, а вторпат во 2016. Ова коинцидира со други примери на екстремно време низ планетата – од непостоечката зима кај нас, преку најстудената забележана на истокот на Северна Америка, а во Австралија се измерени дури 47 степени Целзиусови.

Високиот воздушен притисок над Европа го „турка“ студениот воздух појужно во Сахара отколку што е вообичаено. За време на летото температурата се качува до 38 степени Целзиусови и жителите на планината Атлас подобро се носат со жештините отколку со студот и снегот.

Санкањето на песочните дини и првите борби со снежни топки ги израдуваа најмладите во населените места откако наврнаа 40 сантиметри снег, кој веќе до пладнето се стопи на температури над 10 степени.

Додека едни невообичаените врнежи ги припишуваат на климатските промени од забрзаното глобално затоплување, некои научници сметаат дека во северна Африка почнува нов, влажен климатски период.

Од пред 11.000 години до пред 5.000 години северна Африка била зелена, плодна и полна со езера и реки, сѐ додека нешто релативно нагло не го прекинало „дотокот“ на влажни фронтови.

Палеонтолозите и археолошките наоѓалишта откриваат дека таму некогаш живееле слонови, антилопи, нилски коњи и стада дивеч кои ги ловеле ловците и тие сцени ги цртале на внатрешноста на пештерите. Таа ера е директен резултат на африканската монсунска клима која се формира како влијание на периодичните варијации во Земјината орбита околу Сонцето кои се случуваат секои 20.000 години.

Сепак, останува фактот дека, лаички кажано, е прерано за нова „влажна ера“ и дека најверојатно станува збор за радикални климатски промени предизвикани од загревањето на Земјината атмосфера.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе