Зошто Борисов не ја дава владата?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека неговата влада мора да опстане поради коронакризата.

EPA-EFE

Борисов, соочено со гласање за недоверба во парламентот и антикорупциски протести на улиците, изјави денес дека неговата влада мора да опстане за да се бори против коронавирусот.

Тој кажа дека ќе го разгледа прашањето за голема ревизија на својот кабинет по гласањето за доверба следната недела, која владејачката партија може да ја преживее со поддршка од мала популистичка партија и независните пратеници, пренесува Ројтерс.

Тој потврди дека протестите и повиците за одржување предвремени избори од страна на опозициските социјалисти и претседателот Румен Радев ги поткопуваат шансите на земјата за соочување со кризата предизвикана од новиот коронавирус.

„Пред нас се многу тешки месеци... Кој од оние на улиците има повеќе искуство од нас, знае повеќе или може повеќе?“, праша 61-годишниот премиер по состанокот со коалициските партнери.

„Би требало да покажеме на гласањето дека владејачката коалиција има мнозинство во парламентот“, истакна Борисов и додаде дека потоа, ако сакаат, сите опозициски партии треба да наведат како го гледаат соочувањето со епидемијата и финансиската криза која доаѓа.

Борисов денес кажа дека побарал од своите министри за финансии, внатрешни работи и економија да се повлечат и да се стави точка на шпекулациите дека биле под влијание на контроверзен медиумски магнат и бизнисмен од друга политичка партија, но и истакна дека засега нема да ги прифати нивните оставки.

Илјадници Бугари протестираат барајќи оставка на владата и државниот обвинител Иван Гешев поради неуспехот да обезбедат владеење на законите и да ги прекинат врските меѓу функционерите  моќните тајкуни во земјата.

Во Софија и во другите поголеми градови низ Бугарија и денес се планирани протести, осми ден по ред.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе