Зошто беше толку тешко да се изгаси пожарот во катедралата Нотр Дам (ФОТО+ВИДЕО)

Експертите сметаат дека гасењето на пожарот што вчера изби во катедралата Нотр Дам го отежнаа самите делови на таа црква: стогодишните дрвени греди на покривот, надворешниот камен и готската архитектура, пишува Си-ен-ен.

За време на страшниот пожар изгоре шпицестата кула и голем дел од вековната катедрала, но беа сочувани двете камбанарии и главниот дел на структурата.

Најмалку 400 пожарникари со часови го гасеа пожарот со вода, која ја испумпуваа од реката Сена.

Според експертите, најголемиот проблем за пожарникарите бил пристапот до дрвените греди на покривот.

„По првите 20 минути беше прилично очигледно дека ова ќе биде гаден пожар“, изјави Грег Фавре, поранешен пожарникар во Сент Луис во Соединетите Американски Држави.

Во покривот на катедралата имаше илјадници дабови греди, од кои дел датираа од 12 век.

Кога почнаа да горат гредите, на пожарникарите им било тешко да пријдат до самиот извор на пожарот поради надворешниот камен на катедралата. Каменот ги задржува топлината и чадот, што им ја отежнуваше работата на пожарникарите.

Проблем претставувала и инаку фасцинантната височина на катедралата. Поради нејзината височина во самата структура имало доволно кислород, кој го хранел и разгорувал огнот.

„Огнот се хранеше на голема висина, а пожарникарите не можеа брзо да дојдат до тој дел од објектот“, вели инженерот Глен Корбет од Џон Џеј колеџот за криминална правда во Њујорк.

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи гасење на пожарот од воздух, но експертите сметаат дека таа техника не е применлива во ваков случај.

Според Корбет, таквата акција не е можна бидејќи ниеден пилот не може да ја исфрли водата „толку прецизно на едно одредено место ако се движи со брзина од неколку стотици километри на час“.

Француската агенција за цивилна безбедност соопшти дека гасењето на пожарот од воздух „може да ја ослаби структурата на Нотр Дам и да предизвика колатерална штета на околните згради“.

Со големи напори, 400 пожарникари сепак успеаја да спасат значителен дел од катедралата.

„Фактот што успеаја да го стават огнот под контрола и да спасат голем дел од зградата, вклучувајќи ги двете камбанарии, укажува колку се труделе и дека дале сѐ од себе“, кажа Фавре. „Секој пожарникар ќе ви каже дека тоа е значителен успех и дека овие пожарникари заслужија исклучителни пофалби“.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе