Зоолошка градина во Газа ѝ ги отстрани канџите на лавицата за посетителите да можат да си играат со неа (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО+ВИДЕО)

Снимката на која се гледа како на 14-месечна лавица наречена Фалестин ѝ се отстрануваат канџите во ЗОО во Газа на интернет предизвика големи критики од организациите за правата на животните и од љубителите, кои постапката ја опишаа како „непотребно осакатување".

Палестинскиот ветеринар Фајаз ал Хадад користејќи клешти и ножици ѝ ги исекол канџите во текот на две недели. Наводно со цел посетителите да можат да си „играат“ со Фалестин во зоолошката градина Рафа во Појасот Газа.

„Се обидувам да ја намалам агресијата на лавицата за да биде дружељубива со посетителите“, рече 53-годишниот Мохамед Џума, сопственик на паркот, цитиран од Дејли мејл.

Зоолошката градина Рафа е отворена во 1999 година, и е една од четирите зоолошки градини во околината. Наводно, таа содржи 50 животни, вклучувајќи пет лавови, хиена, неколку мајмуни и волци. Зоолошката градина била уништена за време на операција на ИДФ во 2004 година и повторно е изградена само пред две години.

Фалестин сè уште ги има сите заби, и се очекува нејзините канџи да порастат во рок од шест месеци, што значи повторно ќе подложи на суровата постапка бидејќи ќе треба да се повтори.

„Природното однесување, како што е грабање храна или качување, е тешко возможно без канџите на животното. Бидејќи ампутацијата не е направена во соодветна ветеринарна клиника шансите за инфекција се високи“, изјави добротворната организација Четири шепи.

Другите ја споредија постапката како ампутација на прстите на човекот до зглобовите.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе