Во Велика Британија

Знамето на ЕУ нема да може да се вее без дозвола од британската влада

Знамето на Европската Унија повеќе не може да се вее во Велика Британија освен ако тоа не го дозволи владата.

Фото: ЕПА

До неодамна за такво нешто не беше потребна согласност од владата, а на овој потег се гледа како на „прст во око“ за поддржувачите на ЕУ во Велика Британија, пишува Сан.

Владината веб-страница, во делот што се однесува на знамињата, вели дека „откако Велика Британија ја напушти Европската Унија, знамето на ЕУ повеќе не е вклучено во листата на знамиња за кои не е потребна владина дозвола“.

Овој потег е одвоен од упатствата до општинските власти, од кои се бара да го држат знамето на ЕУ како услов за добивање пари од Брисел од фондот за заздравување од пандемијата на ковид.

Практично секое ниво на власта во Англија ќе добие нешто од предвидените 65 милиони евра (56 милиони фунти).

Најголем примач на пари е Бирмингем (еден милион фунти), каде што мнозинството гласаше за напуштање на ЕУ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе