Сопственикот на Амазон

Знае ли Безос како е на Земјата: тој лета во вселената додека неговите вработени работат 14 часа на ден

По краткото патување во вселената, Џеф Безос им се заблагодари на своите вработени и на клиентите што го финансираа неговиот лет, што дополнително ја разгневи јавноста, која и претходно го осудуваше за оваа авантура.

Фото: ЕПА

„Сакам да им се заблагодарам на секој вработен и на секој клиент на Амазон, затоа што вие плативте за сето ова“, изјави најбогатиот човек во Америка и во светот по враќањето на Земјата.

Основачот на Амазон, најголемата онлајн-продавница во светот, во вторникот со уште тројца патници тргна на единаесетминутен лет до границата со вселената. Безос тоа го претстави како научно достигнување и почеток на ерата на вселенскиот туризам, со кој ќе се занимава другата негова компанија, Блу ориџин. Сепак, за дел од јавноста тој е раскалашен милијардер што потроши 5,5 милијарди долари на авантура во вселената, додека дел од неговите вработени на Земјата сè уште немаат право на синдикат или пауза за да одат во тоалет. Прогресивните политичари го напаѓаат најбогатиот човек на планетата и затоа што неговата компанија веќе неколку години не плаќа федерален данок.

„Тој заборави да им се заблагодари на сите Американци што напорно работат и плаќаат даноци за да може оваа земја да функционира, додека Амазон и тој не платиле ништо“, објави на Твитер демократската сенаторка Елизабет Ворен.

„Тука на Земјата, во најбогатата земја во светот, половина од населението живее од плата до плата, едвај се прехранува и тешко може да се лекува, но еј, најбогатите луѓе во светот се во вселената. Да, мислам дека е време милијардерите да почнат да плаќаат данок“, рече левичарскиот сенатор Берни Сандерс.

Само една недела пред Безос во вселената се вивна британскиот милијардер Ричард Бренсон, кој исто така покрена бизнис со вселенски туризам. Тие се конкуренти во бизнисот што на клиентите им нуди краток излез од атмосферата и околу три минути бестежинска состојба, услуга што ќе им биде достапна само на милионерите.

Амазон е познат по ниските плати за вработените во магацините, за кои пишуваше дека не можат да се организираат во синдикати и често работат 14 часа на ден, како и дека имаат толку многу работа што не стигнуваат да отидат во тоалет.

„Така е, работниците од Амазон платија за ова затоа што имаат ниски плати, немаат синдикати, работат во нехумани услови, а доставувачите немаа здравствено осигурување за време на пандемијата“, рече конгресменката Александрија Окасио Кортез, која го претставува крајно левото крило на Демократската партија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе