Нов Зеланд

Жртвите врескале за помош додека напаѓачот го емитувал нападот во џамијата, покажала страшната снимка

Напаѓачот во џамија во Нов Зеланд одел од соба во соба, безмилосно убивајќи ги верниците, а потоа се вратил за да пука во нивните трупови додека во живо го пренесувал масакрот на Фејсбук.

Најмалку 49 лица загинаа, а околу 20 се повредени за време на нападите врз две џамии во Крајстчерч, Нов Зеланд. Полицијата уапси четири лица, од кои еден е обвинет за убиство.

Пукачот со мала камера „гоу про“ го пренесувал на Фејсбук својот напад. Социјалната мрежа брзо го симна 17-минутното видео откако беше предупредена од полицијата. Клиповите подоцна повторно се појавија на социјалните медиуми, а владата и полицијата на Нов Зеланд ги повикуваа сите медиуми да не го објавуваат поради неговиот екстремно вознемирувачки карактер.

Снимката наводно почнува со маж што лежерно вози автомобил, додека од радиото се слуша музика, објави Раша тудеј, која го видела видеото. Вооружениот напаѓач, кој на социјалните медиуми и во својот антимуслимански манифест се идентификува себеси како 28-годишниот Брентон Тарант, роден во Австралија, накратко ја врти камерата за да го покаже своето лице и вели: „Здраво, дечки“.

Тој продолжува да вози пред да го паркира возилото во близина на џамијата. Во автомобилот се гледаат најмалку четири различни парчиња огнено оружје. Земајќи едно од нив, човекот излегува од возилото и го отвора багажникот, откривајќи во него уште две огнени оружја.

Во внатрешноста на џамијата низ предниот влез, напаѓачот тивко оди од соба во соба и пука во сите што ќе ги сретне. Верниците очајно се обидуваат да избегаат или да се скријат, а десетици тела се гледа како лежат на подот.

Човекот неколку пати пука во рафали и повторно го полни своето оружје. Сите негови оружја биле ишарани со неонацистички симболи и слогани, како и повеќе референци на војните и битките што крстоносците и европските генерали ги водеа против муслиманите.

Во одреден момент, вооружениот напаѓач пука во телата што неподвижно лежат на подот и поитува кон излезот. Кога истрчува од зградата, тој забележува една млада жена што бега и неколку пати пука во неа. Жената извикува: „Помогнете ми“ додека лежи повредена на тротоарот во близина на џамијата. Пукачот се приближува и ѝ пука во грбот и во главата.

Човекот потоа го враќа оружјето во багажникот на возилото и почнува да се оддалечува возејќи. Неколку пати прснува во смеа, вади пушка и почнува да пука во други возила и минувачи низ шофершајбната и страничниот прозорец.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе