Жртвите на земјотресот во Иран молат за помош: „Сами сме на светот“ (ВИДЕО)

Исцрпени и изложени на студ, преживеаните во земјотресот кој за време на викендот го погоди северозападен Иран ги молат властите да им обезбедат храна и засолниште, тврдејќи дека помошта доаѓа споро.

Иранските власти објавија вчера дека ги прекинале спасувачките операции по западната покраина Керманшах која граничи со Ирак, наведувајќи дека се многу мали шансите да има уште преживеани во земјотресот кој зема најмалку 530 животи и во кој беа повредени илјадници луѓе.

Ова е најсмртоносниот земјотрес кој го погодил Иран во повеќе од една деценија. Оштетени се над 30 илјади куќи, а две села се целосно уништени.

Преживеаните, од кои многумина во неделата остнаа без домови во разорниот земјотрес со јачина од 7,3 степени по Рихтер, минаа вчера уште еден тмурен ден. Потребни им се вода, храна и засолниште. Иран засега одбива помош од странство.

Американската влада му изрази сочувство на иранскиот народ и покрај „агресивната“ политика на претседателот Доналд Трамп кон Техеран, јавуваат иранските медиуми.

„Гладни сме, студено ни е. Останавме без домовите. Сами сме на светот“, вели плачејќи Марјам Аханг која изгубила десет члена од семејството во Сарпол ел Захаб, градот најтешко погоден од земјотресот.

Таа во телефонска изјава за Ројтерс кажа дека нејзината куќа сега е „куп кал и искршени ќерамиди“ и дека ноќе спие во парк. „Студено е и преплашена сум“.

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи ги повика вчера државните институции да забрзаат со доставувањето помош. Претседателот Хасан Рохани го посети погодениот регион ветувајќи дека ќе ги реши проблемите „во најкраток можен рок“.

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе