Жртвите ги опишаа страшните воени злосторства во Јужен Судан: „Ќе беше подобро да ме убиеја“ (ВИДЕО)

Жртвите на судирите во Јужен Судан ги кажаа своите сведоштва за страшните масовни убиства и силувања. Последниот извештај на ОН за состојбата во Јужен Судан носи многу потресни сведоштва на жртвите на граѓанската војна, кои ги обвинуваат владата и нејзините сојузници за воени злосторства.

Во граѓанската војна во Јужен Судан се убиени десетици илјади луѓе, а милиони се присилени да избегаат од своите домови. Една жена, која преживеала но изгубила сѐ во конфликтот, изјави за истражителите на ОН: „Ќе беше подобро да ме убиеја“.

Истражителите се фокусирале на периодот од пет недели во април и мај, кога владините сили и сојузниците нападнале села под контрола на опозицијата на југот на државата. Во тој период биле убиени 232 цивили.

„Некои биле обесени на дрвја, а други биле живи запалени во нивните домови“, се вели во извештајот на ОН.

Девојче од 14 години изјавило дека никогаш нема да ги заборави ѕверствата на кои сведочела. „Како би можела да го заборавам моментот кога на старец му го пресекоа вратот и потоа го запалија? Како можам да ја заборавам смрдеата на распадните тела кои ги јадеа птиците? Или жените обесени на дрвјата?“, кажало девојчето.

Околу 120 девојчиња и жени претрпеле силување или групно силување. Дваесетгодишна жртва раскажала: „Уште крварев по породувањето и еден од војниците ме силуваше. Молчев и не пружав отпор бидејќи видов дека ги убиваат жените што пробуваат да се одбранат“.

Јужен Судан стана независна држава во 2011. Уништен е во граѓанската војна во која беше извршено етничко чистење и бројни други злосторства од 2013 година.

Војната почна кога претседателот Салва Кир го отпушти својот заменик Риек Мачар и го обвини за подготување државен удар. Неколку обиди за сопирање на војната пропаднаа.

Во јуни двајцата лидери потпишаа договор за прекин на однот во главниот град на Судан Картум, но сѐ уште нема нов мировен договор.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе