„Жолтите елеци“ ги преплавија улиците на Франција 20-ти викенд по ред (ВИДЕО)

Илјадници демонстранти излегоа на улиците низ Франција на протестите на „жолтите елеци“ дваесетта сабота по ред, и покрај владината забрана за протести на многу локации. Низ целата земја имаше големо полициско присуство, јавуваат агенциите.

Во Париз, демонстрантите се собраа на две локации, формирајќи заедничка колона и марширајќи кон плоштадот Трокадеро.

Избија и неколку соочувања меѓу демонстрантите и полицијата, а повремено можеше да се види и густ чад, иако причината е сѐ уште непозната. Најмалку 32 лица се приведени во Париз, според официјалните бројки на градската полиција.

Помали инциденти меѓу „жолтите елеци“ и полицијата се случија и во градот Авињон, каде демонстрантите добила дозвола за протест на само една локација. По краткото туркање, протестот продолжи мирно.

Во Бордо група вандали напднаа банка, кршејќи ги прозорците со железни прачки додека илјадници маршираа мирно низ улиците на градот. Подоцна ситуацијата стан потензична, па полицијата кон демонстрантите испука солзавец.

Демонстрантите на денешните протести изразија солидарност со 73-годишната активистка Женевив Леге, која беше повредена во Ница минатиот викенд, со извици „Сите ние сме Женевив!“.

Леге била една од тие што се спротивставија на целосната забрана за протести во Ница и била турната од полицаец, добивајќи повреда на главата.

Иако самата повреда беше доволна за незадоволство кај граѓаните, францускиот претседател Емануел Макрон успеа да ги разгори страстите со изјава во која ја обвини само Леге за инцидентот.

„Кога некој е кревок и ризикува да биде турнат, не треба да оди на места кои се забранети и не треба да се става во таква ситуација“, кажа Макрон, посакувајќи „брзо заздравување, и можеби малку мудрост“.

Забелешката предизвика гнев кај семејството на активистката и демонстрантите, кои го обвинија Макрон за надменост и недостиг од почит, како и за бришење на одговорноста на полицијата.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе