Во тој град во сојузната држава Тексас 62 отсто од жителите живеат под границата на сиромаштијата.
Тоа е најголемиот процент на жители кои живеат под границата на сиромаштијата во сите градови на САД кои имаат најмалку 1.000 жители.
Ескобарес се наоѓа во близина на американско-мексиканската граница и се бори против криминалот и невработеноста.
Локалните власти тврдат дека се трудат да го извлечат овој град од сиромаштијата.