Во градот погоден од епидемија

Жителите во карантин пеат од своите балкони: „Вухан, можеш!“ (ВИДЕО)

Додека Кина се бори со сè пораширената епидемија на новиот коронавирус, жителите под карантин во Вухан споделуваат видеа на интернет на кои се гледа како се бодрат себеси и нацијата.

Градот, во кој живеат приближно 11 милиони луѓе, е епицентарот за епидемијата на новиот коронавирус, кој сега се шири низ целиот свет. На жителите им беше кажано да останат во своите домови, додека властите се борат да ја скротат епидемијата, но многумина станале разбирливо нетрпеливи чекајќи да заврши кризата.

Најдобриот лек? Песна, очигледно, со возбудливо видео објавено на Твитер, на кое се гледа како луѓето ја пеат националната химна и извикуваат „Вухан, ти можеш!“ од своите балкони.

 

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе