Рекордни врнежи од дожд

Жителите на Вухан пак во „карантин“, градот се бори со поплави (ФОТО+ВИДЕО)

Нова криза избувна во кинескиот град Вухан, од каде што потекна пандемијата на коронавирусот.

Фото: ЕПА

Вухан денеска го крена нивото на тревога за контрола од поплави од трето на второ ниво, само еден степен од најопасното прво ниво.

Поради рекордните дождови и поплави во Кина, загрозени се милиони луѓе во тој град на реката Јангцекјанг, многу делници на патиштата се поплавени, a нивото на водата на некои места ја надминува линијата на предупредување.

Силниот пороен дожд паѓа веќе два дена во Вухан и околината, а во некои делови паднаа дури 250 милиметри дожд за 24 часа, или 250 литри на квадратен метар, објави Синхуа.

Фото: ЕПА

Според Синхуа, се очекува и во наредниве денови врнежите да продолжат не само во Вухан, туку и во многу други градови во Кина, кои се во опасност од поплавување, а милиони луѓе се загрозени.

Најризично е во провинцијата Хубеи, чиј главен град е Вухан, која неодамна беше најтешко погодена од коронавирусот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе