Жителите на Гуам добија предупредување: Подгответе се за севернокорејски напад

Тензиите меѓу Северна Кореја и САД несопирливо растат, па така на жителите на американската територија Гуам им е издадено предупредување во случај Пјонгјанг да ја оствари својата закана и да лансира четири проектили кон островот Гуам.

Како што пренесуваат агенциите, Канцеларијата за цивилна одбрана на Гуам издала брошура со која ги предупредува жителите што да прават во случај Северна Кореја навистина да лансира проектили кон островот на кој се сместени две американски воени бази – една воздухопловна и една морнаричка.

Во брошурата со наслов „Подготовки за непосредна закана со проектили“ на жителите на Гуам им се порачува во случај на севернокорејски напад да не гледаат во експлозијата и да побараат засолниште во цврсти градби, по можност под земја.

Во предупредувањето до жителите на островот се наведуваат и упатства за отстранување на радијација. „Ако е можно, истуширајте се со многу вода и сапун за да ја отстраните радиоактивната контаминација“, пишува во брошурата.

Севернокорејската закана со напад врз Гуам, американска територија во Тихиот Океан позната по белите песочни плажи, следеше откако американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на режимот во Пјонгјанг со „оган и гнев какви што светот уште не видел“.

Ојонгјанг тврди дека врвот на Северна Кореја овие денови ги финализира плановите за напад со четири проектили со среден дострел „хвасонг-14“ кои би требало да паднат во морето помалку од 40 километри од Гуам.

На Гуам живеат околу 160.000 луѓе и откако режимот во Пјонгјанг го одреди токму тој остров за своја прва мета, жителите не ја кријат својата загриженост.

„Не знаеме дали Северна Кореја овојпат ќе ги исполни своите закани. Бидејќи на Гуам наводно се наоѓа големо количество американско вооружување, сѐ што можеме да правиме е да се молиме и да веруваме дека сѐ ќе биде во ред“, вели за Си-ен-ен Тајана Пангелинан, жителка на Дедедо, набројната населба на Гуам.

Пораката на амбасадорот Бејли среде Скопје, јас не ја сфатив како шлаканица врз ДИК и нивните неодговорни членови (за наша несреќа едногласни во мислите и менталната матрица)!

повеќе

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе