„Само што го насадив“

Жител го избркал премиерот на Австралија од својот тревник (ВИДЕО)

Австралиец во градот Гугонг во Нов Јужен Велс ги избркал премиерот и новинарскиот тим од тревникот пред неговата куќа.

Австралискиот премиер Скот Морисон зборувал на прес-конференција во Гугонг, меѓу другото и за реновирање на домаќинствата и помошта на владата до граѓаните во тоа. Сепак, тој одбрал погрешна локација - свежо уреден тревник.

Сопственикот на имотот каде што премиерот ја одржувал конференцијата во еден момент излегол од куќата и им рекол на собраните луѓе да се тргнат од тревата.

„Може ли да се тргнете од мојот тревник? Само што го насадив. Ајде сите!“, рекол тој прекинувајќи го собирот.

Здогледувајќи го премиерот, тој сепак додал: „Извини, другар“.

Премиерот ги замолил сите присутни да се тргнат од тревникот, што тие и го сториле.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе