Жестоки судири на Палестинците и израелската војска на границата со Газа, еден загинат и 33 повредени (ВИДЕО)

Еден палестински демонстрант е убиен од „израелски оган“ а триесет и тројца се поврдени денес во судири со израелската војска на границата меѓу Израел и Газа, јавија властите на палестинската енклава.

Судирите избија меѓу повеќе стотици демонстранти и израелските војници стационирани на границата меѓу Израел и Газа, додека илјадници протестираа сакајќи на тој начин да ја одбележат годишнината од Големиот марш за враќање.

Палестинските власти јавија дека е убиено 17-годишно момче, откако било застрелано во лице од страна на Израелските одбранбени сили во близина на граничната ограда. Палестинците тврдат дека израелската војска користела боева муниција.

Од 33 повредени лица, четири добиле прострелни рани, две се ранети со гумени куршуми, 12 се погодени со канстри со солзавец, а 15 имале проблеми со дишењето поради вдишување солзавец.

Израелската војска соопшти дека во пограничниот дел на Газа се собрале околу 30.000 демонстранти кои фрлале камења и палеле гуми.

„Израелската војска се обидува да ги разбрка демонстрантите и испукува гумени куршуми и солзавец во согласност со стандардната оперативна процедура“, се вели во соопштението на ИДФ.

Израелската војска го предупреди населението на Газа да не ѝ приоѓа на оградата за време на протестите и да се држи на одалеченост од 300 метри од оградата.

Абдулатиф ал Кану, портпарол на Хамас, претходно изјави дека „Големиот марш за враќање“ е важен чекор кон прекин на израелската блокада и остварување на правото за враќање. Тој потсети дека навршува година од почетокот на масовните протести на границата меѓу Газа и Израел.

Палестинците од 30 март минатата година на границата на Појасот Газа и Израел организираат мирни демонстрации наречени „Големиот марш за враќање“ барајќи враќање на територијата од која се протерани, како и укинување на блокадата на Газа воведена во 2006 година.

Палестинците секоја година го одбележуваат „Денот на земјата“ за да потсетат на 30 март 1976 година, кога Израел им одзема повеќе илјади хектари земја.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе