Милано

Жестоки судири меѓу полицијата и антифашистите во Италија (ФОТО)

Седум лица се повредени во судирите меѓу италијанската полиција и неколку стотици антифашистички демонстранти во Болоња, соопшти полицијата.

До судир дошло кога демонстрантите се обиделе да го оневозможат одржувањето на планираниот собир на крајно десничарската партија Форца Нуова на Роберт Фиоре.

Полицијата употребила солзавец, водени топови и пендраци за да ги спречи демонстрантите да го пробијат кордонот, при што се повредени шест демонстранти и еден полицаец.

Лидерот на Форца Нуова успеал да им се обрати на малиот број поддржувачи зад транспарентите „Италија на Италијанците“, пренесе АП додавајќи дека Фиоре зборувал со неколку десетици луѓе.

Протестите, во организација на синдикатот и социјалните активисти, следеа поради стравот од обновување на неофашистичкото расположение во Италија пред парламентарните избори.

Серија антифашистички протести минатиот викенд беа организирана ширум Италија поради расистичкиот напад врз африканските мигранти во градот Масерата, каде што маж со огнено оружје рани шест Африканци.

Во Италија на 4 март ќе се одржат парламентарни избори, а кампањата е обележана со зголемени тензии поради присуството на мигрантите. Нивниот број во Италија е зголемен во изминатите неколку години за неколку стотици илјади, а многумина од нив доаѓаат од Африка.

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе