Жестоки борби во Либија, минофрлачи ги гаѓаат предградијата на Триполи (ВИДЕО)

Минофрлачки гранати паднаа врз предградија на Триполи денес и речиси погодија болница и ги зголемија страдањата на луѓето по двонеделните напади на источните сили врз престолнината на Либија која е под контрола на меѓународно признатата влада.

Гранатирањето следи само еден ден откако седум лица загинаа во ракетен напад врз густо населен дел на Триполи, кој источните либиски сили под команда на генералот Калифа Хафтар се обидуваат да го освојат, продлабочувајќи го хаосот кој ја погоди земјата богата со нафта од 2011 година.

Либиската национална армија, со седиште во бенгази, го сопре напредувањето пред јужните предградија на Триполи.

Во Ал Суани, југозападно предградие, репортери на Ројтерс виделе како два минофрлачи речиси погодиле болница. Во борбите за главниот град досега загинаа 205 луѓе, вклучувајќи 18 цивили, а ранети се над 900, објави вчера Светската здравствена организација.

Локалното население за гранатирањата ги обвинува силите на Хафтар. Тврдат дека гранатите биле испукани од нивните позиции во јужниот дел на градот.

ЛНА негираше дека ги гранатирала населените области.

Владата во Триполи издаде налози за апсење на Хафтар и други водечи лидери од истокот, обвинувајќи ги за гранатирање во средата. Источните власти веќе издадоа потерници по премиерот Фајез ал Сарај и други функционери од западната влада, бидејќи нема навестувања за политичко решение, а ни за прекин на огнот.

Странските сили се загрижени, но не можат да заземат единствен став околу најново разгорување на циклусот анархија и војување кој зафати Либија од уривањето на диктаторот Моамер Гадафи во 2011.

Меѓународно признатото министерство за внатрешни работи ја обвини Франција за поддршка на Хафтар и најави дека ќе ја прекине безбедносната соработка со Париз.

Италија, со значителни интереси за нафтата на членката на ОПЕК, ја поддржува владата на премиерот Фајез ал Сарај. Таа е гневна затоа што Франција не ја поддржа неодамнешната резолуција на Европската Унија со која се бара од Хафтар да ја сопре офанзивата.

Продолжувањето на судирите може да предизвика нарушување на нафтените текови, поттикнување на нелегалната емиграција преку Средоземното Море во Европа и прилика за џихадистите да го искористат хаосот.

Хафтар има поддршка од Египет, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, кои го сметаат за предводник на стабилноста и борбата против исламистичките милитанти.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе