Жестоки борби меѓу Курдите и ИСИС во Сирија (ВИДЕО)

Курдските сили, поддржани од САД, напредуваат во источната провинција Деир аз Зор, во тек е битка со екстремистите од Исламска држава.

Се води жестока борба меѓу арапско-курдската коалиција поддржана од Вашингтон и екстремистите на Исламска држава, објавија светските агенции.

Сириските демократски сили (СДФ) вчера објавија дека ја почнуваат последната офанзива за елиминирање на последните „џебови“ под контрола на екстремистите во источната сириска провинција Деир аз Зор. Тоа е сектор од околу четири квадратни километри од селото Багуз на ирачката граница.

Сириската опсерваторија за човекови права јави дека силни борби се воделе утрово, придружени со воздушни и артилериски напади од меѓународната коалиција предводена од САД.

„Борбите се во тек. Имаше жестоки судири ова утро, со експлозии на мини“, рече директорот на Опсерваторијата, Рами Абдел Рахман.

Меѓу 500 и 600 терористи сè уште се наоѓаат во последните џебови под контрола на Исламска држава, рече Мустафа Бали, портпарол на сириските демократски сили.

Тој вчера изјави дека повеќе од 20.000 цивили биле евакуирани од областа пред да почне офанзивата.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе