Жестока претседателска дебата на демократите – сите против Блумберг (ВИДЕО)

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг се најде на мета на критики за време на својата прва претседателска дебата во Невада поради расистичките и мизогени коментари и користењето на своето големо богатство за пробив на врвот во предизборната трка.

Поранешниот градоначалник на Њујорк изгледаше неуверливо додека тврдеше дека има најмногу шанси да го победи актуелниот претседател Доналд Трамп на изборите.

Во дебатата учествуваа Берни Сандерс, Елизабет Ворен, Ејми Клобучар, Џо Бајден и Пит Бутиџиџ, и сите го критикуваа Блумберг дека со парите се обидува да влезе во Белата куќа.

„Се натпреваруваме со милијардер кој ги нарекува жените дебели парчиња и лезбејки со коњско лице“, кажа Елизабет Ворен, сенаторката од Масачусетс, и додаде: „Не, не зборувам за Доналд Трамп, туку за градоначалникот Блумберг“.

Демократите, како што истакна, многу ризикуваат ако еден милијардер заменат со друг, пренесува Ројтерс.

Самиот Блумберг кажа дека парите ги користи за важно нешто.

„Ги трошам тие пари за да се ослободам од Доналд Трамп – најлошиот претседател кој некогаш сме го имале. И ако можам тоа да го направам, ќе биде тоа голем придонес на Америка и на моите деца“, кажа Блумберг

Според анкетата на Ипсос и Ројтерс, Блумберг се наоѓа на второто место меѓу кандидатите за претседателска номинација на демократите по Берни Сандерс.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе