Жестока пресметка на полицијата и демонстранти во Берлин: камења, шишиња, оган по улиците (ВИДЕО)

Жестоките судири на полицијата и демонстрантите го засенија собирот организиран по повод одбележувањето на 1 мај вчера во Берлин, додека низ Германија имаше само спорадични судири на настани кои ги организираа членови на крајните левица и десница.

EPA-EFE

Околу 5.000 луѓе излегоа на собирот во берлинскиот кварт Нојкелн, соопшти полицијата, додека учесниците тврдат дека имало 20.000. Полицијата била подготвена на 10.000 учесници.

Учесниците на собирот ја гаѓале полицијата со шишиња и камења. Полицајците се обиделе да ги одвојат одговорните за насилството, поради што биле нападнати.

Тројца полицајци добиле повреди од пиротехнички средства. Демонстрантите запалиле контејнери за ѓубре.

Собраните мавтале со знамиња и истакнувале транспаренти. Пред почетокот на маршот танцувале жени во црвено, а некои извикувале слогани против полицијата.

Настанот доцнел бидејќи дел од учесниците не ги почитувале правилата на дистанцирање, соопшти полицијата, додавајќи дека дозволила поворката да тргне за да може да се одржува дистанца.

Претходно во текот на денот 10.000 велосипедисти учествуваа на протест против капитализмот во квартот Груневалд.

Во источниот кварт Лихтенберх 200 луѓе протестираа против мерките на борбата против пандемијата.

Слични собири се одржаа во десетина други градови.

Во Хамбург полицијата со водени топови растера собир пред левичарскиот културен центар Роте флора, каде се собраа стотици луѓе кои не ги почитуваа мерките за дистанцирање.

На протест во Лајпциг демонстранти фрлаа петарди и камења врз полицијата, додека се обидувала да ги разбрка. Во Ерфурт 240 возила учествувале во колона организирана од крајната десница Алтернатива за Германија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе