Жесток судир на делегациите на Белград и Приштина по седницата на Советот за безбедност за Косово (ВИДЕО)

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ имал жестока вербална пресметка со делегацијата на Притшина по завршувањето на седницата на Советот за безебдност на ОН за Косово.

Тој по излегувањето од салата ја продолжил расправата со претставничката на Косово во ОН Фљора Читаку поради нејзината приказна за вековното угнетување на Албанците на Косово и Метохија како и прославувањето 20 години од „ослободувањето“.

Веста за тоа ја пренесе токму Читаку, која на својот твитер профил објави дека по завршувањето на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации српскиот министер за надворешни работи викал на неа и на приштинската делегација и ги навредувал.

„По денешното заседание на Советот за безбедност на ОН, додека разговарав со делегациите на САД и Британија, српскиот министер за надворешни работи дојде до мене викајќи и навредувајќи ме мене и косовската делегација“, објави Читаку на Твитер.

На снимката под коментарот кој Читаку го објави, се гледа дека Дачиќ од неколку метри одалеченост ѝ вели: „Тие, што седиш со нив се твоите колонизатори“.

Овој коментар на Дачиќ се однесувал на говорот на Читаку на седницата на СБ на ОН, а во кој таа кажала дека во случајот на Србија од Косово станува збор за делоконизација.

Дачиќ по седницата на Советот за безбедност кажа дека го вџашила лагата на Читаку: „Колку некој треба да нема срам во Советот за безбедност пред големите колонијални сили кои имале свои колонии низ светот, и пред африканските, јужноамериканските и азиските земји кои се ослободувале до колонијализмот да користите еден таков израз, а да не ви е срам, тоа е чист безобразлук“.

Тој ја повика Читаку да докаже дека албански споменици на Косово постоеле во 13 и 14 век. „Кога ќе ми донесе еден историски споменик од албанско потекло од 13 и 14 од Косово. Кога ќе ми покаже еден споменик од тој период, тогаш би можел да кажам дека Албанците биле во тоа време. Но да се каже дека Србите биле колонизатори, дека владееле а не живееле на Косово, тоа е безобразлук“, кажа Дачиќ.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе