Жесток бран нови руски напади, во Киев загина и 17-годишна девојка (ВИДЕО)

Најмалку четири лица загинаа во денешните руски напади врз Киев, а градот остана без вода и струја, соопштија украинските власти.

Фото: ЕПА
Михајло Подољак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател, пред два часа на Твитер напиша дека во моментот се случуваат напади врз Киев.
 
„Во тек е нов жесток напад врз инфраструктурата“, рече тој.
 
„Додека некој ги чека резултатите од Светското првенство и бројот на постигнати голови, Украинците чекаат друг резултат - бројот на руски ракети.“
 
Најмалку четири лица загинаа во руските напади врз Киев, а дваесетина се повредени, соопштија украинските власти.
 
 
„Три лица загинаа во денешните воздушни напади врз главниот град на Украина. Меѓу нив е и 17-годишна девојка“, напиша Виталиј Кличко на Телеграм.
 
„Повредени се 11 лица, а 10 од нив се хоспитализирани“, додаде тој.
 
„Четири лица загинаа, а 21 се повредени откако руска ракета погоди станбена зграда во Вишхород, предградие на Киев. Терористи“, напиша советникот на министерот за внатрешни работи на Украина Антон Герашченко.
 
Киев остана без вода и струја по новите напади врз инфраструктурата.
 
Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев, на Телеграм напиша: „Поради гранатирањето, прекинато е водоснабдувањето... Експертите работат на тоа што поскоро да се врати“.
 
„Ве молиме, за секој случај, складирајте вода. Експертите прават сѐ што е можно за да ја вратат водата во домаќинствата на жителите на Киев. Инженерите работат и на обновување на водоснабдувањето на главниот град.“
 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе