Жени ги предводат протестите против Лукашенко, маскирани полицајци ги апсат (ВИДЕО)

Стотици жени извикуваа „срамота" на новите протести против властите на белорускиот претседател Александар Лукашенко, за кој демонстрантите тврдат дека ги фалсификувал изборите на почетокот на август.

EPA-EFE/STR

Додека демонстранти се собираа во Минск, полициските комбиња веќе заземале место на улиците.

Извештаите укажуваат дека дошло до нови апсења, откако во последните неколку недели повеќе стотици луѓе биле уапсени во Белорусија.

Групата за човекови права Пролет објави дека се приведени десет лица, вклучително и новинари.

На видеоснимките се гледа како жените се одвлечени во комбиња, додека други се уапсени пред трговски центри.

Протестите во Белорусија траат од објавувањето на резултатите на изборите на 9 август.

Лукашенко тврди дека освоил повеќе од 80 проценти од гласовите, додека многу западни земји и демонстранти тврдат дека победник на изборите е опозициската кандидатка Светлана Тихановскаја, која по изборите беше принудена да ја напушти земјата и во моментов се наоѓа во Литванија.

Оваа недела, без најава, Лукашенко положи заклетва како претседател за нов мандат, што дополнително ги разгневи демонстрантите.

Демонстрантите изјавија дека протестите овој викенд ќе бидат „свечена генерална проба за вистинската народна инаугурација“.

„Да покажеме кој е вистинскиот претседател“, велат тие.

Нови протести се најавени за в недела.

Демонстрантите бараат нови избори, на кои нема да учествува Лукашенко, ослободување на политичките затвореници и истрага за полициското насилство.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/STR

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе