Жени масовно објавуваат фотографии од своите танги по скандал во Ирска (ФОТО+ВИДЕО)

Низ цела Ирска се одржуваат протести откако во судница адвокатка наведе танга гаќички на тинејџерка како доказен материјал во случај на силување.

Елизабет О’Конел, адвокатка на обвинет за силување тинејџерка, пред целата судница наведе дека 17-годишната девојка во таа прилика носела танга гаќички и ги покажа пред целата судница.

„Адвокатите во судниците упорно претставуваат вакви стереотипи за жените затоа што единствената одбрана за обвинувања за силување е дека половиот однос бил доброволен“, изјави шефицата на центарот за жртви на силување Рејп крајсис Ноелин Блеквел за Индипендент.

Пред десетина дена 27-годишник беше ослободен од обвинување за силување на 17-годишна девојка, а ослободувачката пресуда беше донесена откако адвокатката на обвинетиот на поротата ѝ ја покажа долната облека на жртвата.

„Погледнете само како била облечена. Носела танга“, кажа адвокатката Елизабет О’Конел.

Протестите кои се одржуваат низ земјата се инспирирани од кампањата „Ѝ верувам“ (I Believe Her). Кампањата почна многу брзо откако деталите од судењето протекоа во јавност. Многу жени во рамки на кампањата на социјалните мрежи почнаа да објавуваат фотографии од својата долна облека, користејќи го притоа хаштагот #ThisIsNotConsent.

„Кажано со едноставен јазик, облеката не претставува согласување на полов однос. Ваквото префрлање на вината врз жртвата е застарено и нема место за него во нашиот законодавен систем“, кажа Сузан Дилан, една од основачките на групата за поддршка.

Ирската пратеничка Рут Копингер во вторникот среде седница на парламентот од ракавот извлече танга гаќи. Со тој чин сакаше на парламентот да му го истакна жешкиот проблем во Ирска – префрлањето на вината врз жртвата.

„Непријатно е тука пред сите вас да ја покажувам тангата, нели? Сега замислете како се чувствува жртвата на силување кога пред целата судница се покажува нејзината долна облека“, им кажа Копингер на пратениците.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе