Жени излегоа на улиците на Кабул, им испратија јасна порака на талибанците (ФОТО+ВИДЕО)

Неколку десетици авганистански демонстрантки се собраа вчера пред претседателската палата во Кабул. Тие го прозваа новото талибанско раководство во земјата да ги почитува правата на жените и да ги вклучи во идната влада.

EPA-EFE

На еден од влезовите во претседателската палата десетина жени порачаа дека не сакаат земјата да се враќа во минатото.

Тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Херојска влада со жени“ и извикуваа слогани со кои се поддржува почитувањето на човековите права.

На летоците кои ги делеа бараат на жените во Авганистан да им се одобри правото на образование, општествен и политички ангажман и општи слободи, кои вклучуваат и слобода на говор.

Портпаролот на талибанците Забинулах Муџахид најави дека во новата влада на Авганистан нема да има жени на министерски функции.

Муџахид за италијанскиот весник Република кажа дека жените можат да работат во министерствата, полицијата, или како помошнички во правосудството.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе