Жената на Ким Џонг Ун се појави во јавност по една година (ВИДЕО)

Сопругата на лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун, Ри Сол Џу, се појави во јавност по повеќе од една година, јавија севернокорејските државни медиуми, а пренесува Би-би-си.

EPA-EFE

Ри Сол Џу му се придружи на својот сопруг на концерт вчера по повод одбележувањето на роденденот на покојниот татко на Ким, поранешниот лидер на Северна Кореја Ким Џонг Ил.

Ри често го придружува својот сопруг на јавни настани, но не беше видена во јавност од јануари минатата година.

Нејзиното отсуство поттикна нагаѓања за нејзиното здравје и потенцијална бременост.

Јужнокорејската национална разузнавачка служба вчера извести дека Ри Сол Џу избегнува церемонии и појавувања во јавност за да се заштити од коронавирусот и дека цело време го поминува со децата, пренесува Би-би-си.

Сепак, Северна Кореја официјално нема пријавено ниту еден случај на зараза со коронавирусот, иако експертите не веруваат на тоа тврдејќи дека е малку веројатно.

Севернокорејската претседателска двојка се појави заедно во Насудае арт студиото, а присутните навеле дека биле исклучително расположени и поголемиот дел од времето насмеани. Внимание привлекло и тоа дека немале заштитни маски, ниту ги почитувале мерките за физичка дистанца.

Која е сопругата на Ким?

Сопругата на Ким Џонг Ун доаѓа од академско семејство, татко ѝ е професор а мајка ѝ лекар.

Според извештаите на медиумите, Ри Сол Џу има 31 година и претходно беше вокал во оркестарот Унхасу – елитна група чии членови ги бира државата.

Се верува дека за Ким Џонг Ун се венчала во 2009 година откако многу брзо бракот го договорил покојниот Ким Џонг Ил по претрпениот мозочен удар во 2008 година.

Според разузнавачките податоци на Јужна Кореја, двојката има три деца.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе