Жената на белгискиот амбасадор удрила продавачка во Сеул, се повикала на имунитет (ВИДЕО)

Сопругата на белгискиот амбасадор во Јужна Кореја го активирала правото на дипломатски имунитет откако удрила шлаканица на продавачка во Сеул.

Screenshot: Youtube

Амбасадорот Петер Лескуије претходно се извини во име на својата сопруга Сијанг Суеквиу. Кажа дека е неприфатлив каков било облик на физичко насилство, и покрај тоа што „таа можеби имала причина за гнев поради начинот на кој се однесувале во продавницата“.

„Таа искрено се кае и сака при првата прилика лично да ѝ се извини на продавачката“, кажа Лескуије во снимката која ја објави на Инстаграм, додавајќи дека „неговата сопруга активно соработува со полицијата“.

Меѓутоа, во соопштението на полицијата на Сеул се наведува дека Сијанг го активирала својот дипломатски имунитет и дека поради тоа тужбата е отфрлена. Според Виенската конвенција, чиј потписник е и Јужна Кореја, дипломатите и членовите на нивните семејства имаат право на имунитет од кривичен прогон, со тоа што можат доброволно да се откажат од него ако сакаат.

На снимката која се појави на социјалните мрежи се гледа како Сијанг на 9 април влегла во конфликт со две вработени на продавница за облека, откако едната од нив ја сопрела верувајќи дека можеби ја украла јакната која ја носела на себе.

Вработената, која сакала да остане анонимна, кажала за Си-ен-ен дека не разбирала што зборува Сијанг и дека се обидувала да ја види етикетата на јакната. Таа ја сопрела сопругата на амбасадорот надвор од продавницата и кога видела дека јакната не е украдена, се извинила на англиски и се вратила внатре. Но, Сијанг потоа исто така се вратила во продавницата, гневно ја оттурнала другата вработена и ѝ удрила шлаканица.

„Можеме да сфатиме дека се налутила, но тоа не го оправдува нејзиното насилно однесување“, кажала продавачката.

Легенда под Главна слика

Screenshot: Youtube

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе