На снимката се гледа како жената се спушта по стрмниот ѕид на бунарот без јаже или каква било безбедносна опрема за да стигне до водата.
#WATCH | Madhya Pradesh: People in Dindori's Ghusiya village risk their lives to fetch water from an almost dry well pic.twitter.com/jcuyLmE5xL
— ANI MP/CG/Rajasthan (@ANI_MP_CG_RJ) June 2, 2022
Како што јавува Би-би-си, луѓето во селото Бусија се присилени на екстремни мерки откако бунарите и езерцата пресушиле. Повеќе места низ Индија се соочуваат со слични кризи.
Снимките на кои се гледа како Индијци ги ризикуваат своите животи за да дојдат до вода сè почесто стануваат вирални. Пред два месеци се појави слично видео кое прикажува како жена се спушта по ѕид на бунар во Махараштра за да дојде до вода.
Пред три години во глобалниот извештај за состојбата со водата Индија беше наведена како една од 17 земји во која „водениот стрес“ е опишан како „екстремно висок“.
Во индиската држава Мадја Прадеш недостиг од вода има секое лето. Владата на таа држава вети дека ќе изгради водовод до секое село до 2024 година, а милиони луѓе и понатаму живеат без пристап до вода за пиење.