Шокантно убиство во Германија

Жена прегазена, а потоа распарчена со секира од сопругот среде бел ден во мирен германски град

Жена во Лимбург, Германија, била прегазена, а потоа нападната со секира од нејзиниот отуѓен сопруг. Грозоморното убиство е второто шокантно злосторство што месецов го погоди овој мирен град.

31-годишната жртва била излезена на прошетка кога осомничениот ја удрил и ја влечел скоро 30 метри сè додека неговото возило не удрило во ѕид на куќа. Ладнокрвниот убиец потоа излегол од својот автомобил, извадил секира од багажникот и го распарчил телото на жената.

Се верува дека жртвата неодамна се разделила од својот иден убиец и се преселила, заедно со своите две деца, во локалното засолниште за жени. Некои ги идентификуваа и напаѓачот и жртвата како германски државјани со потекло од Тунис, но нивните националности не се потврдени од властите.

Ужасно видео од нападот, снимено од сведоци, се шири низ социјалните медиуми. Клипот се чини дека во голема мера е блокиран од интернет, откако полицијата во Хесе соопшти дека споделувањето на видеото би претставувало промовирање на насилство, спротивно на германскиот закон.

Осомничениот им се предал на властите, но засега одбива да соработува со истражителите.

Злосторството доаѓа помалку од еден месец откако еден човек со сириско потекло со камион повреди околу 10 лица во Лимбург. Инспекторите рекоа дека го третираат инцидентот како акт на тероризам.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе