Жена непозната на јавноста стана градоначалничка на Сараево

Градскиот совет на Сараево ја избра во четвртокот на јавноста малку познатата Бенјамина Кариќ за градоначалничка на главниот град на Босна и Херцеговина, а за таа должност ја предложи Социјалдемократската партија на БиХ (СДП БиХ), чија претседателка е таа.

EPA-EFE

31-годишната Кариќ е избрана за градоначалничка со гласовите на сите советници кои учествувале на седницата, а должноста ја презема откако ја одбил Богиќ Богиќевиќ, поранешниот член на Претседателството на СФРЈ и еден од најпопуларните политичари во БиХ.

Богиќевиќ одбил да ја прифати должноста градоначалник разочаран од задкулисните игри во Градскиот совет, обележени од трговија со гласовите и фактот што зад него во првиот круг на гласањето не застанало очекуваното мнозинство советници од четирите партии кои претходно начелно договориле коалицирање во градската власт на Сараево.

По одбивањето на Богиќевиќ да ја прифати градоначалничката функција, понудата на СДП да бидат кандидати ја одбиле и неколку сегашни и поранешни членови на таа партија со големо политичко искуство, па на крајот изборот паднал на личност за која малку кој во Сараево досега слушнал.

За Бенјамина Кариќ се знае дека е вработена на Правниот факултет во Травник, докторирала римско право во Зеница и дека етнички се изјаснува како „останати“. Нема никакво друго директно искуство со локалната самоуправа.

По изборот најави дека на градоначалничката функција ќе се залага за интересите на жителите на Сараево и зачувувањето на неговиот космополитски карактер и ќе ги јакне односите со градовите-пријатели.

„Духот на Сараево е неуништлив“, кажа новата градоначалничка.

Сараево со Мостар е еден од двата града во БиХ чии градоначалници не се бираат директно со гласовите на гласачите, туку во градските совети.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе