Нападот наводно бил предизвикан од политичко несогласување меѓу жената и групата вооружени демонстранти. На видеото од нападот се гледа дека жената се обидува да замине, но едно лице облечено во црно ја фрла на земја. Еден од мажите потоа користи нешто што личи на метална шипка и почнува да ја удира по главата. Жената потоа седнува на тротоарот додека групата ја опколува и ја малтретира. Еден новинар ѝ помага да застане на нозе додека по лицето ѝ тече крв. Таа повторно се обидува да замине, но напаѓачите ја фаќаат и повторно почнуваат да ја тепаат со своите шипки. Еден човек потоа ја штити со своето тело додека таа седи свиена на земја.
What you won’t see in Western Media coverage of #HongKongProtests: #HongKongProtesters beating up woman. pic.twitter.com/RAxpPK9iGw
— Carl Zha (@CarlZha) November 12, 2019
Снимката наводно е направена во понеделникот, а некои коментатори велат дека ѝ фали соодветен контекст и дека е како „паралелен свет на снимките со полициско насилство“.
Во понеделникот, по сличен вербален судир група демонстранти полеаја еден маж со запалива течност и го запалија. Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, вети дека ќе го врати редот на полуавтономната територија, опишувајќи ги насилните демонстранти како „непријател на народот“, кои „немилосрдно го уништуваат општеството“.
Сепак, насилството не се смирува. Во вторникот вечерта демонстранти вооружени со молотови коктели, копја и друго оружје го зазедоа Кинескиот универзитет во Хонг Конг (ЦУХК).