Како што соопшти полицијата, покрај тројцата загинати, над 60 се повредени, од кои 16 потешко. Според изјавите на сведоците, неколку вагони се превртеле и се излизгале низ железничкиот насип. Меѓу патниците имало и многу деца. Возот патувал на линија Гармиш-Партенкирхен – Минхен.
На помош на пожарникарите им дошле и припадници на германската војска и сојузната полиција кои се стационирани во тој дел на Германија за претстојниот самит на земјите од Г7 во блискиот Елмау.
Во средата во Германија почна продажбата на месечните билети за девет евра кои важат за локалните возови во целата земја, што веднаш предизвикало невообичаено големи гужви во локалните и градските возови, особено во туристичките делови.