Зголемена продажбата на алкохол во Русија, властите порачуваат дека „не лекува од коронавирусот“

Руските продавници забележале зголемено купување алкохолни пијалаци во последните недели, пред сѐ на вотка, виски и пиво.

Во последната недела од март, продажбата на вотка пораснала за 31 отсто во однос на истиот период минатата година, додека продажбата на вискито се згоелмило за 47, а на пивото за 25 отсто, пренесува Ројтерс.

Мерките воведени во Русија ќе бидат на сила барем до 30 април, а поради нив дел од вработените се на неплатено отсуство, некои се отпуштени а на некои им се намалени платите.

Во Москва на граѓаните им е дозволено да излегуваат од дома само за да купат храна или лекови во блиските продавници и аптеки, за добивање здравствена нега, или за да проштеаат куче или да фрлат ѓубре.

Еден од најголемите ланци на продавници Магнит соопшти дека ја удвоил продажбата на алкохол, додека ланецот Лента енд океј соопшти дека продажбата е тројно зголемена.

„Луѓето секојдневно купуваат што можат – вотка, коњак и пиво. Главно купуваат што е најевтино“, вели еден од вработените во маркетот.

Властите ги повикаа граѓаните да се воздржат од лекување на своја рака со алкохол наведувајќи дека алкохолот не може да ги излекува од вирусот ковид-19 ниту може да го спречи неговото префрлање на друго лице.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе