Зетот на Трамп кажа дека Афроамериканците мора да сакаат да успеат за да успеат

Советникот на Белата куќа Џаред Кушнер ги критикуваше спортистите и другите што на социјалните мрежи и спортските терени протестираат против расизмот во САД, порачувајќи дека црнците мора да го сакаат успехот за политиките да се сменат.

EPA-EFE

Во телевизиското обраќање, кое наиде на критики на демократите, Кушнер, зетот на републиканскиот претседател, зборуваше за планот на Трамп за создавање работни места и нови шанси за Афроамериканците ако повторно биде избран во почетокот на следниот месец.

„Во изминатите години многу се зборува за нештата што ѝ се потребни на црнечката заедница, а тоа особено се интензивираше по ситуацијата со Џорџ Флојд“, кажа Кушнер за Фокс.

Афроамериканецот Флојд умре во мај, откако полицаец клечеше на неговиот врат речиси десет минути, што предизвика протести против расната нееднаквост и полициската бруталност.

„Видовте многу луѓе што само сакаа да покажат дека имаат доблести. Ќе отидеа на Инстаграм и плачеа, ставаа слогани на своите маици или пишуваа нешто на кошаркарските терени. Искрено, тоа повеќе ги исполитизира луѓето отколку што ги обедини“.

„Планот на Трамп би постигнал многу повеќе“, кажа Кушнер, признавајќи дека црнечката заедница главно ги поддржува ривалите демократи.

„Политиките на претседателот Трамп можат да ги спасат луѓето од проблемите на кои се жалат, но не можат да им помогнат да бидат успешни ако тоа не го сакаат“, кажа тој. „Претседателот Трамп можеби не ги кажува секогаш вистинските нешта, но затоа ги прави“.

Демократската национална конвенција со соопштение го нападна Кушнер, тврдејќи дека сугерирал дека барањето правда поради убиствата на црнците е „приговарање“.

„Овој ексклузивен пристап на прашањата кои им се важни на црните гласачи ја покажува Трамповата бесчувствителност и негрижата за животите на црнците“, се наведува во соопштението.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе