Земјотрес во одморалиште во Грција, три лица повредени

Три лица се полесно повредени во силен земјотрес со јачина од 5,6 степени синоќа во одморалиштето Парга, северозападна Грција.

Многу стари камени куќи се тешко оштетени или се срушиле во Парга и околните села, а во тој ридски регион, има одрони на патиштата, јавуваат грчките медиуми.

Земјотресот го почувствувале жителите на областа Епир, Теспротија и Превеза и жителите од градовите Јанина и Арта и на блискиот остров Крф бегале од зградите.

Земјотресот со јачина од 5,6 степени се случил во 2:49 часот, на мала длабочина, на само 10 километри, а епицентарот бил 14 километри северо-источно од Парга.

Во петок во 23:38 часот во истата област се случил послаб земјотрес со јачина од 4,3 степени.

Сеизмологот Ефтимиос Лекас, од Организацијата за заштита од земјотреси, рече дека станува збор за серија земјотреси и загрижува дека јачината се зголемува, и го советувал населението да внимава.

Лекас рече дека раседот од каде потекнуваат овие земјотреси им е добро познато на сеизмолозите.

Директорот на Атинскиот институт за геодинамика, Герасимос Хулиарас најави дека институцијата ја следи состојбата во областа, која е активна со месеци и дека вечерниот земјотрес се очекувал.

Тој посочи дека може да има уште земјотреси, но дека сметал дека синоќешниот бил најсилен и дека следните ќе бидат послаби, но дека може да траат со недели.

Затоа Хулиарес смета дека растресените стари камени куќи не треба да се реновираат, туку да се срушат и да се градат нови, посилни и со подобар квалитет.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе