Луѓе се заробени под урнатините

Земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер ја погоди Турција, морето го поплави Измир (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер ги стресе грчките острови и турскиот брег на Егејското Море.

EPA-EFE

Епицентарот на земјотресот е 17 километри во морето западно од провинцијата Измир во Турција. Како што јавува Си-ен-ен Турк, земјотресот се почувствувал сѐ од Истанбул.

Од Измир стигнуваат снимки и фотографии од урнати згради. Во тек е потрага по исчезнатите под урнатите згради. Имало и неколку потреси пред силниот земјотрес, поточно шест со магнитуди од 3,9 до 4,8 степени по Рихтер.

Освен урнатите згради, во крајбрежните градови дошло и до кревање на нивото на морето што ги поплавило улиците. Властите соопштија дека нема голем ризик за цунами.

Од Грција засега нема информации за евентуални жртви. Засега се знае дека е поплавен островот Самос.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе