Хрватска

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди Загреб, оштетени се згради и иконската катедрала (ФОТО+ВИДЕО)

Силни земјотреси го погодија главниот град на Хрватска, Загреб, оштетувајќи згради во центарот на градот, вклучувајќи ја и главната историска катедрала во градот. Официјални лица ги повикаа луѓето да излезат од домовите, но да продолжат со социјалното дистанцирање поради пандемијата со ковид-19.

Загреб прво е погоден со земјотрес со јачина од 5,3 степени, а 40 минути подоцна со потрес од 5,1 степени, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Епицентарот на двата земјотреси е лоциран на 8 км и 7 км од градот.

Локалните медиуми објавија дека жителите ги слушнале сирените, а во центарот на Загреб биле оштетени зградите, вклучувајќи ја и иконската катедрала во Загреб чиј врв на едната кула се срушил.

Шефот на службите за вонредни состојби во Загреб, Павле Калиниќ ги повика луѓето да ги напуштат своите домови. „Излезете од домовите и помогнете им на постарите соседи“, рече тој.

Министерството за внатрешни работи ги замоли луѓето што побегнале од своите домови да го одржат „неопходното растојание" за да се спречи ширењето на болеста ковид-19 и ако е можно да носат заштитни маски за лице.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе