Во тек е евакуација

Земјотрес од 7,2 степени на Нов Зеланд, се чека цунами (ВИДЕО)

Екстремно силен земјотрес со јачина од 8 степени 7,2 степени го погоди истокот на Северниот Остров на Нов Зеланд во четвртокот и беше издадено предупредување за цунами, додека властите ги повикуваат жителите на крајбрежните области веднаш да се преместат на повисоките точки.

„Секој во близина на крајбрежјето што го почувствувал долгиот и силен земјотрес мора веднаш да се премести на најблискиот рид или што е можно подалеку во внатрешноста на земјата“, објави на Твитер Националната агенција за справување со кризи.

Засега нема информации за штети.

Националниот сеизмолошки систем ГеоНет во петокот вечерта по локално време регистрира земјотрес со јачина од 7,2 степени на длабочина од 10 километри.

Повеќе од 60.000 луѓе го почувствуваа земјотресот, според веб-страницата ГеоНет. Голем број луѓе што пријавиле дека го почувствувале земјотресот тврдат дека неговата сила ги разбудила.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе