Земјотрес од 6 степени ја потресе Индија, луѓето во паника (ФОТО+ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 6,1 степени ја стресе индиската североисточна држава Асам, предизвикувајќи пукнатини на ѕидовите, таваните и подовите на некои згради, но сѐ уште нема податоци за можни жртви.

Фото: ЕПА

Земјотресот е регистриран на длабочина од 34 км во близина на градот Дхекиајули, 140 км северно од главниот град Гувахати.

„Овој потрес беше најголемиот што го паметам, прво имаше голем удар, а потоа и помал“, изјави неименуван полицаец.

„Никој не повика на помош, но луѓето истрчаа од своите домови.“

Луѓето излегоа на улиците во страв од нови потреси, а некои велат дека земјотресот предизвикал пукнатини во нивните домови, но и на тлото.

„Во целиот наш повеќекатен стан има огромна штета, со срушени тавани и ѕидови“, рече Субхам Хазарика, бизнисмен што живее во луксузен стан во Гувахати. „За среќа, никој не беше повреден.“

Силни земјотреси погодија и други североисточни области и соседниот планински регион Бутан.

Индиските службеници за справување со катастрофи ги проценуваат извештаите за разорувањето, изјави еден од државните службеници, кој побара анонимност.

„Се молам за доброто на сите и ги повикувам сите да останат претпазливи“, изјави главниот министер Сарбананда Соновал за телевизијата АНИ.

Од друга страна, Индија има катастрофален број нови случаи на зараза со коронавирусот. Болниците се преполни и ги одбиваат пациентите поради недостиг од кревети и резерви на кислород.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе