Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер рано утрово го погоди јужниот дел на Иран во близина на единствената нуклеарна централа Бушехр.
Никој не е повреден, ниту е пријавена материјална штета, јави иранската државна телевизија.
Земјотресот ја погоди иранската провинција Бушехр во 5:23 часот наутро по локално време, објави американскиот Геолошки институт.
Силата беше 5,1 степени, а се случи на длабочина од 38 километри.
Според иранската државна телевизија, силата на земјотресот бил 4,9 степени.
Земјотресите со јачина од 5 степени може да предизвикаат значителни штети, но нуклеарната централа Бушехр е дизајнирана да издржи многу посилни земјотреси.