Земјотрес од 5 степени во близина на нуклеарка во Иран

Умерениот земјотрес погоди на релативно плитка длабочина од 38 километри, на 50 километри од објектот.

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер рано утрово го погоди јужниот дел на Иран во близина на единствената нуклеарна централа Бушехр.

Никој не е повреден, ниту е пријавена материјална штета, јави иранската државна телевизија.

Земјотресот ја погоди иранската провинција Бушехр во 5:23 часот наутро по локално време, објави американскиот Геолошки институт.

Силата беше 5,1 степени, а се случи на длабочина од 38 километри.

Според иранската државна телевизија, силата на земјотресот бил 4,9 степени.

Земјотресите со јачина од 5 степени може да предизвикаат значителни штети, но нуклеарната централа Бушехр е дизајнирана да издржи многу посилни земјотреси.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе