Земјотресот ја сруши куполата на зградата на плоштадот Бан Јелачиќ, пожарникарите ја срушија другата (ВИДЕО)

Зградата Колмар од 1905 година на плоштадот Бан Јелачиќ, во која е сместено Друштвото на хрватските писатели, за време на вчерашниот земјотрес остана без едната купола, а другата од безбедносни причини е срушена од пожарникарите. Снимката од рушењето е објавена од ХРТ.

Зградата Колмар е заштитно културно добро, и е изградена во 1905 година за трговецот Колмар по проектот на студиото Ханигсберг и Дојч, со фасада дизајнирана во стилот на доцниот историцизам.

Околу 17:30 часот во неделата пожарникарите со јаже ја врзале куполата, и камион со цела сила ја повлекол, но во почетокот таа не се срушила. Бил потребен втор обид за да се сруши куполата. Еден куп материјал паднал на терасата на угостителскиот објект лоциран во зградата, по што дошла друга служба, задолжена за чистење на камењата.

Земјотресите предизвикаа голема штета на културното-историското архитектонско наследство на градот Загреб и, меѓу другото, оштетена е и јужната кула на загребската катедрала, која е во реконструкција.

Во црквата Успение на блажената Дева Марија се сруши дел од таванот на светилиштето, тешко е оштетена и Базиликата на Исусовото срце каде се срушил таванот.

Погодени се и црквата Свети Винко и манастирот на Сестрите на милосрдието, црквата Свети Марко и црквата Свети Мирко.

Оштетена е и зградата на хрватскиот парламент, Бански двори, зградата на Министерството за финансии, зградата на хрватската пошта и неодамна реновираната зграда на Хрватскиот музички институт.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе