Земјите од јужна Европа повторно ја предупредија Турција во врска со Кипар

Седум земји од Јужна Европа, кои во петокот во Малта учествуваа на самитот повторно ја повикаa Турција да „го прекине незаконското делување", во однос на планот на Анкара за бушотини во водите на кипарската ексклузивна економска зона (ЕЕЗ).

„Искрено жалиме што Турција не одговори на повторените повици од ЕУ во кои се осудуваат нелегалните активности на Турција“ во таа зона, потенцираат земјите во завршната изјава.

„Ако Турција не ги прекине нелегалните активности, ќе побараме од ЕУ да размисли за соодветни мерки поради солидарност со Кипар“, се вели во изјавата.

„ЕУ нема да покаже никаква слабост“ во врска со ова, изјави францускиот претседател Емануел Макрон по состанок на врвот.

ЕУ ја предупреди Анкара на почетокот на мај, по најавата на турските власти дека до септември ќе изведат бушотини за гас во секторот за кој Кипар смета дека навлегува во неговата ЕЕЗ.

„Турција ги крши меѓународните закони, тоа е напад врз нашата ЕЕЗ, таа не го признава Кипар. Среќен сум бидејќи нашите партнери испратија силна порака од солидарност со Кипар“, рече кипарскиот претседател Никос Анастасиадис.

Република Кипар има власт само на две третини од островот, на југ. Северниот дел е окупиран од Турција во 1974 година.

Откривањето на големи резерви гас во областа во последниве години ги зголеми апетитите. Кипар потпиша договори за истражување со големи компании за нафта и гас, како што се италијанскиот ЕНИ, францускиот Тотал и американскиот Ексонмобил.

Но Анкара се противи на какво било истражување и експлоатација на овие наоѓалишта на гас што ја исклучуваат Турската Република Северен Кипар, самопрогласена на северната третина од островот, а која не е призната од страна на меѓународната заедница.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе