Чешкиот претседател

Земан во Белград: „Ги сакам Србија и српскиот народ, но не и Косово“ (ФОТО+ВИДЕО)

Претседателот на Република Чешка Милош Земан кажа по пристигнувањето во Белград дека многу ги сака Србија и српскиот народ, но „не и Косово“.

Земан допатува во посета на Белград, а на аеродромот Никола Тесла го дочека неговиот домаќин, српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Односите меѓу Србија и Чешка се денес на највисокото ниво“, напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм, со фотографии од дочекот на аеродромот.

Претседателите Вучиќ и Земан положија денес венци на Споменикот на бранителите на Белград 1914-1918. Планирано е денес тие да одржат средба во четири очи, а потоа ќе следи пленарна средба на делегациите на Србија и Чешка.

За утре е најавено и потпишување на билатералните договори, а потоа ќе следат изјавите за медиумите на претседателите на Чешка и Србија.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе