Земан: „Турците се сојузници на исламската држава“

Претседателот на Чешка, Милош Земан го обвини турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека со исламизацијата на Турција земјата ја приближува до исламските радикали.

Тој додаде дека Турција со тоа што, како што рече, посредувала во извозот на нафта од исламската држава станала нејзин де факто сојузник.

„Зошто ги напаѓаат Курдите? Па затоа што (Турците) се де факто сојузници на исламската држава. Значи, иако е членка на НАТО и сака во Европската унија, иако е малку веројатно дека во неа ќе бидат примени, има информации дека во времето кога исламската држава окупирала голем дел од Сирија и Ирак, Турција била таа која посредувала во некои логистички операции на снабдување на исламската држава. Конкретно во извозот на нафта“, рече претседателот Земан во вторникот за време на обиколката на Карловарскиот крај.

Чешките медиуми објавија денес дека Земан изјави дека турскиот претседател Ердоган игра на исламизација на Турција.

„Тоа веќе не е онаа секуларна држава на Ататурк, туку тоа пред се е држава која исповеда исламистичката идеологија. А од тоа логично произлегува дека е блиска до исламските радикали од што логично произлегува дека ги напаѓа Курдите“, рече Земан на средба со жителите од тој регион на запад на Чешка.

Претходно, турскиот претседател, на митингот пред регионалните избори во Турција покажа делови од снимката на терористичкиот напад на муслиманските верници во џамијата во Крајстчерч во Нов Зеланд, како илустрација на порастот на исламофобијата и нападот на исламот и остро замери дека нападот не се нарекува христијански тероризам, кога веќе во јавноста, терористичките напади извршени од страна на муслиманите се означуваат како „исламски тероризам“.

Претседателот Земан, исто така, одговарајќи на прашања на граѓаните препорача децентрализација како решение за кризата во Украина, бидејќи, како што рече, Украинците и граѓаните на Украина, кои зборуваат руски не се поднесуваат баш едни со други.

„Разумно решение е вклучено во договорите од Минск, но за жал никој не се води според нив, а тоа се измени на Уставот на Украина. Значи, конкретно децентрализација на Украина, не само регионите од руско говорно подрачје туку сите региони да се здобијат со поголема независност“, изјави чешкиот претседател.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе