Земан: Секоја грешка може да се исправи, па и признавањето на Косово

Претседателот на Чешка Милош Земан изјави, по повод својата иницијатива да се провери дали Чешка може да го повлече признавањето на Косово, дека секоја грешка може да се исправи.

Тој додаде дека предлогот да се повлече признавањето на Косово ќе го изнесе како тема за расправа на неформалното советување на државниот врв за надворешната политика во октомври.

„Единствената надворешна политика настанува за време на дискусијата, која е советување на четворицата највисоки функционери што ќе биде наскоро. Само сакам да кажам дека на тоа советување ќе го изнесам предлогот да се повлече признавањето на Косово. Тоа е сѐ“, кажа Земан во редовното интервју за телевизијата Барандов.

Чешкиот претседател смета дека треба да се исправи грешката што владата на премиерот Мирек Тополанек во 2008 не ја почитуваше резолуцијата на Пратеничкиот дом на Парламентот на Чешка, изгласана, како што синоќа потсети Земан, речиси едногласно и повикот од неа чешката влада да не го признае Косово.

„Тогаш владата на Тополанек не ја почитуваше резолуцијата и го призна Косово. Секоја грешка може да се исправи“, кажа Земан.

Земановиот предлог Чешка да ја исправи грешката и да го повлече признавањето на Косово не наиде на поддршка ни од премиерот ни од претседателите на двата дома на чешкиот парламент, а претседателот на Сенатот Јарослав Кубера минатата недела кажа дека тоа ќе биде дебата за ништо бидејќи претседателот Земан тоа го изјавил само за да им се допадне на Србите, а нема никаква моќ нешто да направи по тоа прашање.

„Чешка би требало да ги поддржува дијалогот и соработката во регионот на западниот Балкан. Повлекувањето на признавањето е прашање на суверената држава, исто како и признавањето. Но не сметам дека тоа некако позитивно би ја придвижило или решило состојбата на Косово“, порача шефот на долниот парламент Радек Вондрачек.

Премиерот Андреј Бабиш и шефот на чешката дипломатија Томаш Петшичек истакнаа дека не гледаат причина Чешка да ја менува политиката и да го повлекува признавањето на Косово, но дека нормално ќе ги сослуша и ќе разговара за предлогот и аргументите на чешкиот претседател.

Чешката опозиција, особено онаа која беше категорично против бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година и жестоко го критикуваше Земан како тогашен премиер за одлуката да му ја даде на НАТО согласноста на Чешка, иако тогаш можеше да стави вето, верува дека Земан само сака да се искупи пред српскиот народ за тоа што даде благослов поради Косово да се бомбардира Белград, иако на тоа тогаш жестоко се противеа некои министри од неговата влада.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе