„Ирационалноста е сè поприсутна во руската политика“

Земан: Путин може не блефира кога го заплашува светот со нуклеарно оружје

Претседателот на Чешка Милош Земан предупреди дека руската политика станува сè понерационална и дека е можно рускиот претседател Владимир Путин да не блефира кога го заплашува светот со нуклеарно оружје, а полскиот претседател оцени дека тоа има спротивен, негативен ефект и во оние земји кои до сега биле внимателни во оценките на постапките на Москва.

EPA-EFE

„Ирационалноста е за жал сè поприсутна во руската политика. Токму затоа не се осмелувам да тврдам дека заплашувањето со нуклеарно оружје е само блефирање. На крајот на краиштата и самиот Путин јасно кажа во своето обраќање: не блефирам“, кажа Земан за чешкиот весник Млада фронта днес.

Делумната мобилизација во Русија, според чешкиот претседател, е плод на „руските воени неуспеси“ во Украина а истакна дека ниедна демократска не може да ги признае референдумите кои се организирани под оружен притисок.

„Опасни се тие закани со нуклеарно оружје под многу провиден изговор: овие окупирани по референдумот се руски а ние во согласност со нашата доктрина сме должни руската територија да ја браниме со секакво оружје. Референдумите организирани под оружен притисок не може да ги признае ниедна демократска земја“, кажа Земан.

Евентуалната употреба на нуклеарно оружје полскиот претседател Дуда го оцени како очајнички и луд потег.

„Ако Путин и неговото опкружува решиле да повлечат таков очајнички, луд потег за општествата на цивилизираниот демократски свет како да престанале да постојат. Тоа не би била само опасност да им се суди за кривична одговорност и закана од долгогодишни казни затвор, туку тоа е исклучување од цивилизираниот свет, и нив и Русија додека тие се на нејзиното чело“, кажа Дуда.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе